Претседателот на Барселона ја откри причината поради која Меси ја „измами“ Барселона

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Soccer Football - Ligue 1 - Paris St Germain v Stade de Reims - Parc des Princes, Paris, France - January 29, 2023 Paris St Germain's Lionel Messi reacts REUTERS/Christian Hartmann

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не го обвинува Лионел Меси што одлучил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами, иако, како што тврди, имал договор со клубот од стадионот „Камп Ноу“.

„Имаме добри односи со Меси, но не сме разговарале откако тој се пресели во Интер Мајами. Му посакуваме се најдобро во МЛС. Нека знае дека Барса секогаш ќе биде негов дом. Нашите односи беа прекинати кога тој замина во Париз, потоа беше обновен кога го договаравме неговиот трансфер, но двете страни не успеаја да го постигнат тоа што го сакаа, па сега се е како што треба“, изјави Лапорта за Мундо Депортиво и одговори на прашањето дали има е шанса Лео повторно да го облече дресот на Барселона.

„Мислам дека ситуацијата овде е многу комплицирана. Мора да го прашаме. Тој имаше идеја да се врати и ни се допадна. Чави, Управниот одбор и јас сакавме да го видиме повторно како играч на Барса. Но, не успеавме да постигнеме договор. Лео многу се грижи за себе, има исклучителен талент и секогаш може да покаже фудбал на највисоко ниво бидејќи е решен како што можевме да видиме на Светското првенство. Сепак, можеме без него“.

Првиот човек на клубот потврди дека Барселона имала договор со Меси.

„Договорот беше целосно договорен, но неговиот татко Хорхе сакаше да дојде и да разговара со мене. Ни кажа дека Меси го избрал Интер Мајами бидејќи поминал неколку многу тешки сезони во Париз, каде што имало голем притисок врз него и дека ќе биде помирен во МЛС. „Иако сакаше да се пресели во Барселона, не сакаше да помине уште една година така“, нагласи Лапорта.

Меси минатата сезона одигра 32 натпревари во францускиот шампионат и постигна 16 гола со исто толку асистенции.

 

 

Share This Article
Exit mobile version