„Шведска ќе ја ко-спонзорира Нацрт-резолуцијата на ОН, која треба да го прогласи 11 јули за „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница 1995 година“ и на тој начин ќе им оддаде почит на жртвите и семејствата на жртвите на геноцидот во Сребреница. соопшти Амбасадата на Шведска во БиХ.
„Геноцидот во Сребреница што се случи во 1995 година беше потврден во пресудите на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија и Меѓународниот суд на правдата. Затоа, Шведска е ко-спонзор на Нацрт-резолуцијата на Обединетите нации за Сребреница за да им оддаде почит на жртвите и семејствата на жртвите од геноцидот во Сребреница. Геноцидот во Сребреница што се случи во 1995 година никогаш не смее да се заборави или минимизира. Мора да се сеќаваме и да им оддадеме почит на жртвите, да придонесеме за помирување и да учиме од историјата. Неприфатливо е да се негира постоењето на страшни злосторства извршени за време на конфликтот, исто како што е неприфатливо да се величаат поединци кои се прогласени за виновни за овие злосторства“, додаваат во соопштението.
Се очекува Генералното собрание на ОН да се произнесе за Резолуцијата на 2 мај.