Поради дојави за поставени бомби денеска во Загреб се евакуирани трговскиот центар Авенија мол, загребскиот Велесаем, како и две судски згради во Нови Загреб

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поради дојави за поставени бомби денеска во Загреб се евакуирани трговскиот центар Авенија мол, загребскиот Велесаем, како и две судски згради во Нови Загреб, јави хрватскиот портал Индекс.хр.

Од полицијата потврдија дека е во тек проверка на посочените локации од екипите за антитероризам.

Наводно, непознато лице решило да сее паника и страв и да ја запре работата на вработените во Кривичниот и Општинскиот суд во Нови Загреб, но и во трговскиот центар Авенија мол како и на просторот на загрепскиот саем.

Во тек е претрага на неколку илјада квадратни метри простор во која се вклучени и полициски кучиња.

Share This Article
Exit mobile version