Инстаграм за прв пат по неколку години ги менува визуелните елементи на апликацијата, кои вклучуваат ново лого, фонт и реклами на цел екран.
Според компанијата, новиот дизајн се фокусира на „содржината, едноставноста и самоизразувањето“.
Новата икона е слична на старата, со мали промени во светлината и бојата. Изгледот е „пожив“ благодарение на иновативниот процес на 3D моделирање.
Сепак, разликата е позабележителна во новиот фонт кој компанијата го нарече „Инстаграм Санс“.
Тимот дизајнери работеше со експерти за јазик и лингвистика ширум светот, со цел фонтот да функционира правилно на секој јазик и писмо, пренесува Нова.рс.
„Instragram Sans е инспириран од старите елементи на нашиот дизајн, логоа и натписи. Новиот фонт нагласува посебен идентитет. Новиот фонт ќе биде дел и од приказните на Reels“, објаснуваат од компанијата.