Попладнево сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Попладнево  сообраќајна незгода се случи на возило во кое се наоѓаа обезбедувањето на претседателот Африм Гаши, кои патуваа како претходница за посетата на претседателот Гаши во Охрид.

„Информираме дека сите тројца членови на тимот се здобија со полесни телесни повреди и моментно се во стабилна состојба. На нив им е укажана лекарска помош и се наоѓаат во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. По пристигнувањето во Охрид, претседателот Африм Гаши се упати кон болницата и лично се увери за здравствената состојба на членовите на обезбедувањето. Сообраќајните несреќи, особено во предизвикувачки временски услови и услови на патиштата, се несреќна реалност“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши.

Оттаму се наведува дека безбедноста останува главен приоритет и дека се благодарни за брзата реакција на службите за итни случаи и на лекарскиот тим.

Share This Article
Exit mobile version