Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија славеше победа против САД од 32-15 пред домашната публика во салата „Борис Трајковски“ во воведниот настап на Светското првенство за ракометарки до 20 години кое денеска стартуваше во Скопје.
Македонските ракометарки заминаа на полувреме со предност од 15-6, а во вториот дел им дозволија на противничките да постигнат само три голови и со убедлива победа го отворија мундијалскиот турнир.
Следен противник на македонските јуниорки е Исланд, утревечер од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а во последното коло ќе играат против Ангола.
Ракометната федерација на Македонија од денеска до 30 јуни ќе домаќин на 24 Светското јуниорско првество во женска конкуренција на кое учествуваат 32 репрезентации. Натпреварите се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и во двете сало во „Јане Сандански“.