More

    По Полска, и Словачка реши да испрати борбени авиони во Украина

    spot_img

    По Полска, и Словачка реши да испрати борбени авиони во Украина. Словачкиот премиер утринава најави дека на 29-ти ќе ги испрати своите МиГ-ови во Украина. Словачките медиуми пишуваат дека во Украина ќе бидат испратени 13 борбени авиони, пренесува Јутарни.

    Претходно, во четвртокот, полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека неговата земја планира да ѝ даде на Украина десетина борбени авиони МиГ-29. Ова ќе ја направи Полска првата членка на НАТО која ќе ги исполни сè поитните барања на украинската влада за воени авиони.

    – Ќе ѝ предадеме на Украина четири борбени авиони од советско производство во следните неколку дена. Останатите имаат потреба од сервисирање и подоцна ќе бидат доставени – изјави Дуда.

    Да потсетиме, Полска беше првата членка на НАТО која испрати тенкови Леопард 2 од германско производство во Украина.

    Но, изгледа дека Германија била изненадена од одлуката на Дуда да испрати воени авиони во Украина.

    – Досега сите се согласија дека не е време за испраќање борбени авиони. Се уште немам никаква потврда од Полска дека тоа се случило – изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

    Во исто време, американската администрација нагласува дека потегот на Полска нема да има ефект врз претседателот Џо Бајден, кој се спротивстави на повиците за испорака на американски борбени авиони Ф-16 на Украина.

    – Во моментов нема промени во нашиот став во однос на борбените авиони. Тоа е наша суверена одлука, другите народи можат да зборуваат за нивните одлуки – изјави Џон Кирби.

    Сепак, многу западни земји размислуваат да испратат авиони. Една од нив е Данска.

    Данска е отворена за идејата да испрати борбени авиони во Украина за да им помогне на нејзините воени напори против руската инвазија, изјави во петокот данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.

    – Западните земји разговараат дали да испратат борбени авиони во Украина – изјави во четвртокот данската премиерка Мете Фредериксен за данската ТВ2.

    – Ова е нешто за што разговараме во групата сојузнички земји, тоа го сака Украина – додаде таа.

    Данските воздухопловни сили купиле 77 F-16 од 1970-тите, а приближно 30 од авионите се во функција.

    Неодамна во интервју, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, изјави дека е песимист дека за брзо време авионите ќе стигнат бидејќи „тоа е тешка логистичка задача за сојузниците“.

    Од другата страна на фронтот, рускиот претседател Владимир Путин ќе го пречека неговиот кинески колега Си Џинпинг во Русија на дводневна посета каде што се шпекулира дека можно е да стане збор за евентуално финансирање на Русија од страна на Кина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img