По 13 години во Албанија се врати „ниската треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По 13 години во Албанија се врати „ниската треска“, од која досега регистрирани се три жртви и 17 заразени.

– Нилската треска ја шират комарците кои се хранат со крвта на птиците. Вирусот не се шири од човек на човек. Периодот на инкубација за западнонилската треска се движи од 2 до 15 дена, а кај поблагите форми болеста трае од 3 до 6 дена. Околу 80 отсто од случаите пренесени на луѓе не манифестираат симптоми. Кога ќе се појават симптомите, тие се многу слични на грипот – изјавила за медиумите Силва Бино, началничка на Одделот за заразни болести при Институтот за јавно здравје, потврдувајќи го присуство на заразата.

Таа советува за навремено јавување во здравствените установи со цел да се интервенира соодветно, бидејќи „општо земено, оваа болест е излечива, меѓутоа, за околу еден отсто од пациентите, таа може да дегенерира во менингитис или енцефалитис, особено кај постари лица и оние со слаб имунитет“.

Share This Article
Exit mobile version