Пластичните ќесиња и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пластичните ќесиња и пластиката за еднократна употреба од денеска се забранети за употреба во Црна Гора, согласно Законот за управување со отпад, објави порталот Данас.

За непочитување на таа законска одредба се предвидени казни од 1.000 од 40.000 евра

Законот за управување со отпад стапи на сила на 20 април, а примената на поединечните одредби, вклучително и оние кои се однесуваат на пластичните ќесиња и пластиката за еднократна употреба, е предвидена за 6 месеци од денот на стапување во сила.
Според законот, забранета е употреба на лесни пластични ќесиња за носење, со дебелина на ѕидот од 15 до 50 микрони, на продажното место на стоки или производи.

За ќесиња со дебелина на ѕидот поголема од 50 микрони се плаќа такса од 0,03 евра.

Покрај најлонските ќесиња, забранети се и пластични сламки, но и пластични прибор за јадење и одредени кутии за пакување на храна.

Законот предвидува и посебни давачки за депонирање на мешан комунален отпад бидејќи целта е да се намали депонирањето на отпадот на депониите.

Share This Article
Exit mobile version