Пике ќе мора да носи дрес со името на Шакира

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Жерар Пике и Шакира пред неколку месеци објавија дека се разделуваат по 12 години врска, а сега покрај битката за старателство, Пике има уште една работа за која треба да се грижи.

Како што пишува „Хола“, фудбалерот на Барселона можеби ќе мора да го носи името на својата поранешна партнерка на дресот.

Имено, љубителите на фудбалот забележаа нова промена во дресовите на фудбалерите на Барселона, која сега е спонзорирана од Спотифај, па минатата недела играчите носеа дрес со името на пејачот Дрејк додека го играа еден од најголемите натпревари, против Реал Мадрид.

Според пишувањата на медиумите, Шакира е многу блиску до потпишување договор со Спотифај, па може да се случи Пике да мора на грбот да го носи името на поранешната партнерка и мајката на неговите деца.

Да потсетиме, Пике и Шакира објавија дека се разделуваатпред неколку месеци. Набргу потоа, Пике беше виден со Клара Киа, неговата нова девојка, која е една од вработените во неговата продуцентска куќа.

Од друга страна, Шакира по раскинувањето се посвети на кариерата и неодамна ја објави песната „Monotonia“, која многумина ја поврзуваа со раскинувањето со Пике. Пејачката прекинот на врската го опишала како еден од најтемните моменти и периоди во нејзиниот живот.

ФОТО: Инстаграм

Share This Article