Поп-ѕвездата Леди Гага е во Париз, каде настапи на свеченото отворање на Олимписките игри и ја воодушеви публиката. Пејачката успеа и надвор од сцената да направи спектакл, а среќниците кои се нашле во овој дел на Париз, во моментот кога автомобилот во кој поминувала пејачката, имаа можност да ја слушнат Гага во живо да им да отпее дел од новата песна.
Пејачката го отворила прозорецот на покривот од автомобилот и отпеала дел од новата песна која ќе се најде на нејзиниот нов студиски албум кој наголемо го подготвува. Кога се појавила на улица, пред хотелот во кој престојувала, обожавателите ја поздравиле со аплауз и овации. Сепак, веројатно не ни сонувале дека премиерно ќе слушнат дел од песната од нејзиниот седми албум.
Излегувањето на „LG7“ со нетрпение се чека, а Леди Гага на фановите во Париз им даде неколку минути за паметење.
Таа била изненадена од реакцијата на насобраните граѓани, па решила да им возврати.
– Толку сум трогната од француските обожаватели – рекла Леди Гага.
Таа накратко испеала дел од новата песна, а за остатокот целиот свет ќе мора да почека.
Инаку, на Олимписките игри во Париз беше откриено дека пејачката се свршила со својот долгогодишен партнер Мајк Полански. Имено, 38-годишната поп-ѕвезда во видеото на Тик-ток што го сподели францускиот премиер Габриел Атал во неделата на 28 јули, го нарече 46-годишниот претприемач нејзин „свршеник“. Видеото го обиколи светот и стана вирално на социјалните мрежи.