Драги мои,
Време е, да се крене гласот…!!! Снегот ,,покриват ,,многу нешта, но и разоткрива.Државата Македонија не ги почитува обврските од ратификуваната Конвенција на Обединетите Нации за правата на лицата со попреченост.Дефинитивно немаме хумана , која ќе се грижи соодветно и квалитетно за лицата о попреченост, а се повикуваме на наводна хуманост, човекови права, Европски вредности итн…
Правото на живот, на достоинство, правото на слобода, правото на пристапност до институциите на системот, се едни од основните човекови права. Колку, една држава е хумана и демократска , се определува и по степенот на почитување на ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ.Македонија ја има ратификувана Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост.Со самото тоа, се има обврзана да ги почитува одредбите кои произлегуваат од истата. Но, во реалноста, состојбата е ОЧАЈНА, ТАЖНА И НЕЧОВЕЧНА. Имено, со првиот снег, ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ се ,,осудуваат,, да бидат затворени дома, се до моментумот кога ке се создадат услови да излезат надвор. Едноставно, нема пристапни рампи, неможат да му серадуваат на животот(барем, онолку колку што му преостанало), не можат да отидат до кафич, до ресторан, до банка, до болница, итн….Иако, имаат законска обврска, институциите немаат пристапни рампи, се разбира со исклучоци.Во Охрид, освен во ОПШТИНА ОХРИД, немам видено пристапна рампа. Во овој контрекст, да напоменам дека огромен придонес за тоа има почитуваниот новинар, главен и одговорен уредник на Охрид Скај, г динот Сашо Денесоски . Да не се блиските роднини и пријатели, лицата со попреченост, неможат да излезат од дома.
И, тоа повлекува силен револт, и ЈАВНО КЕ ЗАПРАШАМ:СО КОЕ ПРАВО , БАРАТЕ ДА БИДЕМЕ ПОЛНОППРАВНА ЧЛЕНКА НА ЕУ???
И, не само тоа, лицата со попреченост се ДИСКРИМИНИРАНИ, ОМАЛОВАЖЕНИ, ОБЕЗПРАВЕНИ, ТОРМОЗИРАНИ, од оние со политичка и економска мок, но и од граѓанството, кое има расчистено со ЧОВЕЧНОСТА И ХУМАНОСТА ВО СЕБЕ.
Ево, нека овој статус, ви биде мотив и инспирација, да ја исполните својата законска обврска и да поставите пристапни рампи за лицата со попреченост, во банките, рестораните, кафичите, во маркетите, во институциите , поставите посебни шалтери за ова категорија на грагани, бидете хумани и човелни и дајте им ПРЕДНОСТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, затоа што тие неможат да бидат ЕДНАКВИ СО ВАС, затоа што се хендикепирани и им треба вашата помош, но повеке од се, вашата морална подршка и ПОДАДЕНА РАКА….!!!
Многу е лесно да покажете сила, мок, ,,мускули,, кон ова категорија на грагани, но немојте да го ,,љутите,БОГ, па вашите деца, внуци, синови, керки да бидат на позиција на ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ, бидејки се тече, се се менува. Лицата со инвалидитет сѐ уште се судираат со превозни пречки и немаат пристапност во голем број објекти и институции .Иако законска рамка има, многу од изградените згради се непристапни за нив.Имено, за пристапност не се користат само косите рампи, туку и платформите, ѕидните платформи за подигање, држачите, лифтовите и адаптираните тоалети. Нивните искуства покажуваат дека сите рампи од веќе изградените не се вистински приоди и преку нив не можат да се качат оние со физички хендикеп. Нестандардно се изградени, а вистинскиот сооднос на косите рампи е 1:12 или идеалниот сооднос е 1:20. Тоа значи дека ако треба да премостат висина од 50 сантиметри, потребна е рампа со косина од 10 метри, односно вистинската пресметка се добива откако висината ќе се помножи со 20.
Во согласност со членот 11 од Законот за градење и Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап на лица со инвалидност до и во градбите, објавен во „Службен весник“ бр. 25/2010, се пропишува задолжително поставување коси рампи за обезбедување непречена пристапност до и во објектот за лицата со инвалидност. Во согласност со Законот за градење објавен во „Службен весник“ бр. 25/2010 и Правилникот за начинот на обезбедување на непречен пристап на лица со инвалидност до и во градбите, градбите со јавни и деловни намени, станбените и деловно-станбените градби мора да бидат проектирани и изградени така што ќе овозможат непречен пристап за лицата со инвалидитет до и во градбите. Во однос на стандардите пропишани во правилникот, во согласност со член 10, дозволено е накосување до 1:20, односно пет отсто.
Според тоа какви се состојбите во моментов, може да се заклучи дека надлежните треба уште многу да поработат за да им се обезбеди вистинска пристапноста во објектите на овие наши сограѓани,кое се над 200.000 во Македонија но за тоа треба политичка, но пред се и над се човечка вољја. Можам да ветам, дека максимално ке се бориме да се унапредат правата на лицата со попреченост, бидејки тоа е наша обврска.
Со почит,
Демир Далип-Активист за правата на Египчаните и лицата со попреченост