More

    Партнерот на Ријана, раперот АСАП Роки се најде во центарот на вниманието поради видеото кое кружи на социјалните мрежи

    spot_img

    Партнерот на Ријана, раперот АСАП Роки се најде во центарот на вниманието поради видеото кое кружи на социјалните мрежи.

    Имено, снимката е направена пред хотел во Њујорк каде многу светски ѕвезди се подготвувале за најголемиот моден настан Мет гала.

     

    Пред хотелот се собрала толпа обожаватели.

    Раперот очигледно бил изнервиран од таквата гужва и наместо да тргне по другиот пат, кој е ограден за да поминуваат познатите, тој поминал низ толпата, ја прескокнал оградата, а притоа со раката грубо се потпрел врз лицето на една девојка.

    Роки се потпрел на нејзината глава, неговата рака се лизнала на нејзиното лице, и ги тргнал очилата од лицето, а кутрата девојка била сосема шокирана.

     

    Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, а девојката раскажа што се случило.

    „Отидов таму рано наутро само за да видам одблизу како се облечени ѕвездите“, изјавила девојката по име Медлин за „Индепендент“ а потоа продолжила:

    „Почувствував дека некој ме тапка по рамото, па се свртев и видов дека тоа е АСАП Роки. Тој рече „душо, морам да поминам“, а јас само му реков „не“, бидејќи барикадата беше веднаш пред мене, тој немаше каде да помине“.

    Но раперот не обрнувал внимание на тоа и скокнал врз оградата, притоа зграпчувајќи ја неа и мажот до неа.

    „Откако скокна, ми рече ‘благодарам’, а потоа само се насмеа и ми го покажа средниот прст“, рекла таа.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img