Папата повика на забрана на сурогат мајчинството

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Папата Франциск денеска повика да се прекине практиката на сурогат мајчинство насекаде во светот, информира италијанската новинска агенција АНСА.

„Патот кон мирот бара почитување на животот, за секој човечки живот, почнувајќи од оној на нероденото дете во мајчината утроба, кое не може да се третира како стока“, рече Папата на средбата во Њујорк со претставниците на дипломатскиот корпус, акредитирани во Светата столица.

„Сметам дека е одвратно практикувањето на сурогат мајчинство кое го понижува достоинството и на мајката и на детето. Се заснова на материјалната потреба на мајката, за која цел се користи ситуацијата. Детето секогаш е подарок и никогаш не може да биде предмет на договор. Поради оваа причина, се надевам дека меѓународната заедница ќе одлучи да ја забрани оваа практика ширум светот. Во секој момент од своето постоење, човечкиот живот мора да се чува и заштити, додека во моментов, особено во западното општество, со вознемиреност забележувам дека културата на смртта постојано се шири, која ги погодува децата, постарите и болните под лажен изговор за сочувство“, додаде папата Франциск.

фото: EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Share This Article
Exit mobile version