Панел-дискусија: Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска, 20.12.2023 година (среда), организира панел-дискусија посветена на земјоделството на тема: Како интеграцијата во ЕУ ги зајакнува македонските земјоделци. Панел-дискусијата ќе се одржи во Хотелот „Александар Палас“, Скопје, со почеток во 18:00 часот.

Воведно обраќање ќе има министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Покрај Николовски на панел-дискусијата ќе учествуваат и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, Кирил Ристовски од Секторот за управување со претпристапни фондови на ЕУ за рурален развој (ИПАРД) при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Ненад Стојанов, управител на УНИ АГРО ДОО Велес.

На панел-дискусијата ќе бидат презентирани резултатите постигнати во земјоделството, руралниот развој, производството и пласманот на македонските земјоделски производи на европскиот пазар преку искористувањето на средствата од ИПАРД програмата. Покрај тоа, присутните ќе имаат можност да добијат и насоки за поефективно реализирање на финансиите што се на располагање преку фондовите на Европската Унија.

Кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“ има за цел да истакне придобивки од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија. Исто така, кампањата ќе овозможи и подобро разбирање на реформите врзани со евроинтеграциите и приближување на европските вредности.

Share This Article
Exit mobile version