More

    Овој филм заработи дури 137,5 милиони долари

    spot_img

    „John Wick: Chapter 4“ во првиот викенд од прикажувањето во киносалите, на благајните во САД заработил дури 73,5 милиони долари додека на меѓународните киноблагајни дебитираше на првото место на секој од 71-те пазари на кои бил прикажан и вкупно заработил неверојатни 137,5 милиони долари, пишува „Вариети“.

    Домашното отворање ја надмина заработката на првиот дел на филмот „John Wick“ од 2014 година (14 милиони долари), а исто така и на „John Wick 2“ од 2017 година (30 милиони долари) и „John Wick: Chapter 3 – Parabellum“ од 2019 година (56 милиони долари).

    Според „Холивуд репортер“, четвртиот дел исто така го означува најголемото домашно отворање на „Lionsgate“ во ерата на пандемијата, како и едно од најдобрите досега во 2023 година. Тие додаваат дека само 9 франшизи во последните 40 години успеале да постават рекорди на отворањето за време на викендите со своите четири продолженија.

    Во режија на Чед Стахелски, филмот од 2 часа и 49 минути е полн со вообичаен хаос, насилство и морбиден хумор кои ја дефинираат оваа акциска франшиза. Актерката екипа, покрај Кијану Ривс, ја сочинуваат Дони Јен, Бил Скарсгард, Лоренс Фишбрн, Хиројуки Санада, Шамиер Андерсон, Ринa Савајама, Иан Мекшејн и Ленс Редик, кој почина претходно овој месец.

    Што се однесува до другите филмови, „Shazam! Fury of the Gods“ заработил 9,7 милиони долари во вториот викенд, односно 102,4 милиони долари во странство. „Scream VI“ е на третото место со заработени 139,3 милиони долари ширум светот, а на четвртото е „Creed III“ со вкупно 140,9 милиони долари на домашниот пазар до неделата, односно 100 милиони долари во странство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img