Откажете ги пред да биде предоцна: Три намирници се непријател на тенок струк

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Клучот за добра форма е правилната исхрана. Сепак, дури и ако сте во калориски дефицит, можеби немате тенок струк. Проблемот би можел да биде во три намирници кои се сметаат за главна пречка за постигнување рамен стомак.

Црвеното месо е прво на листата. Се покажа дека е подобро да се консумира пилешко или мисирка. Свинското, говедското и јагнешкото месо содржат многу маснотии, што е лошо за струкот. Исто така, некои студии го поврзуваат секојдневното консумирање црвено месо со поголем ризик од рак на дебелото црево, како и поголем ризик од срцеви заболувања и мозочен удар.

Следува шеќерот. Со него треба да бидете внимателни бидејќи не го има само во слатките, туку и во соковите, јогуртите, колбасите и низа други производи.

И конечно, имаме лоши вести за љубителите на сирење. Се покажа дека овој млечен производ нема најдобро влијание на фигурата, особено ако се јаде со мед и јаткасти плодови.

Share This Article
Exit mobile version