More

    Османи најавува дека храната ќе поскапи

    spot_img

    Руската агресија во Украина ќе има сериозни последици по европската безбедносна архитектура, а тоа значи на целиот континент. Тоа обично се манифестира на слабите точки, а Балканот е слабата точка, раната на ЕУ и се разбира дека може да има импликации и обиди на надворешни политички фактори и регионални фактори, кои може да го искористат овој хаос за остварување на свои цели, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање за тоа какви се проценките и анализите за можни безбедносни импликации на Балканот, особено во Косово, БиХ и во земјава, по нападот на Русија врз Украина.

    Шефот на дипломатијата нагласи дека ние како држава директно не сме под некоја безбедносна закана, но економските импликации веќе се чувствуваат.

    Османи наведе дека како земја членка на НАТО ги имале во реално време сите информации и ги знаеле сите чекори на Москва пред две недели, што дава можност да донесат добро информирани одлуки, да се подготват за кои било последици.

    Шефот на дипломатијата потсети дека НАТО е сојуз што се грижи за секој квадратен метар територија на своите земји членки, што значи дека ние сме под заштита на НАТО, но сепак ги преземаме сите мерки во однос на заштита од сајбер напади и други мерки, за што Владата расправа во претходните недели, а денеска ќе има седница на која ќе се преземаат дополнителни мерки.

    – Треба да бидеме многу внимателни тука во регионот – нагласи Османи.

    Тој додаде дека и затоа се овие чести комуникации со регионалните фактори за да бидат координирани, да се усогласи заеднички ставот дека никој во регионот не сака конфликт, ескалација и дека мора да бидеме многу внимателни во тој дел.

    – Секако ќе има и економски импликации и тие веќе се чувствуваат, во цените на гасот, во цените на изворите на енергија, а тоа ќе се манифестира уште повеќе на цените на другите производи, вклучувајќи ги прехранбените производи – изјави Османи, по средбата со министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска во Скопје.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img