More

    Опстанокот е целта: Искусниот специјалист го презема Лидс Јунајтед

    spot_img

    Лидс Јунајтед минатиот викенд беше поразен од Борнмаут со 4:1, а цената за тоа ја плати менаџерот Хави Грација. Клубот од „Еланд Роуд“ сега се одлучи за искусен тренер кој ќе го преземе тимот од среда.

    Алардајс го зема Лидс до крајот на сезоната, а овој тим моментално е над зоната за испаѓање само затоа што има подобра гол разлика од другите тимови. Хави Грација имаше само два и пол месеци на Еланд Роуд и беше отпуштен по низа лоши резултати.

    Искусниот специјалист немаше работа од мај 2021 година кога раководеше со Вест Бром. Сега му се враќа на фудбалот, кој во Британија го карактеризираат како шокантен потег во обид да го спаси Лидс од останување во Премиер лигата.

    За Лидс до крајот на сезоната остануваат само уште четири натпревари и ќе биде многу тешко овој тим да опстане бидејќи има натпревари против Манчестер Сити, Њукасл, Тотенхем и Вест Хем.

    Биг Сем претходно работеше во Сандерленд и Кристал Палас и тогаш имаше слична улога, обидувајќи се да ги спаси тие тимови од испаѓање и тогаш успеа.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img