More

    Операторите од ЦУК ни раскажаа дел од поинтересните јавувања кои ги имале оваа година

    spot_img

    Не е лесно да си оператор во Центарот за управување со кризи (ЦУК) или на бројот „112“. Операторите од овие линии за Плусинфо откриваат некои интересни повици кои кон нив ги упатуваат граѓаните, а не се поврзани со нивната работа.

    Пред речиси две години почна со работа универзалниот број „112“ на Центарот за управување со кризи, кој е задолжен да им земе податоци на граѓаните и веднаш да ги извести Службата за итна медицинска помош, полицијата и Противпожарната бригада.

    Сепак, сè уште дел од граѓаните сметаат дека токму овој број може да ги реши сите нивни проблеми, без разлика дали станува збор за пукната цевка за парно или ако немаат сигнал од кабелскиот оператор.

    Сета среќа што операторите се љубезни, па и на таквите случаи се обидуваат да им помогнат, така што ќе им дадат број или ќе им укажат каде да се јават.

    Од „112“ ни велат дека секој повик е уникатен, без разлика од природата на јавување. Често операторите имаат непријатни разговори со јавувачите. Се граѓани кои едноставно сакале да си направат муабет, бидејќи се чувствувале осамени и потребно им било со некого да поразговараат.

    – Леле госпоѓо или госпоѓице, морам да ви кажам дека имате преубав глас, бев во опасност, но откако ве слушнав вас, сè ми помина – ѝ рекол еден јавувач на операторката, на која често и се случувало јавувачите да ѝ се додворуваат или да ја канат на состанок. И на машките колеги им се случувало дами да се обидуваат да ги заведат, под изговор дека им треба помош.

    Често кај нив се јавуваат граѓани кои едноставно сметаат дека доколку разговараат со нив проблемот ќе им биде решен.

    – Добив повик од една госпоѓа која се пожали на болки во стомакот. Во истиот момент додека разговарав со неа воспоставив контакт и со Итната помош. Госпоѓата не ми кажа точно за каква болка станува збор, но во разговорот со лекарите од Итната помош разбравме дека таа имала менструални болки – велат од „112“ за Плусинфо.

    Друг нивни колега имал понепријатна случка. Примил повик за грабеж на дом, но по разговорот бил шокиран.

    – Колегата го презеде повикот и го праша јавувачот за која адреса станува збор. Тој му кажа, а колегата уште еднаш бараше да му ја повторат. Не му се веруваше кога сфати дека тоа е адреса на негов прв сосед! Тој веднаш замина дома и таму имаше што да види – покрај тоа што го ограбиле неговиот сосед, и неговиот стан бил исто така обиен – раскажа еден од операторите.

    Од „112“ велат дека граѓанин пријавил дека неговата девојка многу се напила и се онесвестила, па поради тоа побарал помош од Итната помош, но целата ситуација била тотално конфузна.

    – Уште кога се јави момчето се познаваше дека и тоа е во алкохолизирана состојба. Се обидовме со помош на операторот од Итната медицинска помош да му кажеме што да направи додека да дојде екипата. Тој објаснуваше дека не знае каде е фрижидерот, па што има за јадење дома. На крај разбравме дека момчето во станот на неговата девојка, која била на пат, ја однел неговата љубовница и поради тоа што бил под дејство на алкохол и тој, не знаел што направил – објаснува еден од операторите.

    Интересен повик екипата во „112“ добила во ниедно време од ноќта од испаничен германски државјанин кој се заглавил во тоалетот во хотелската соба каде што бил сместен.

    – Добивме повик од господин од Германија неколку часа по полноќ. За негова среќа тој го носел во тоалетот неговиот германски телефон, па бидејќи подолго време бил заглавен во тоалетот свртел на интернационалниот број за помош – „112“. Гостинот ни објасни што точно се случува, ние го лоциравме според сигналот, но не можевме да најдеме за кој хотел станува збор. Среќа, еден од колегите со кој бев дежурен ми рече дека знае за кој објект станува збор, но дека истиот има нов сопственик, а тој го познавал претходниот. Веднаш го побара стариот сопственик на хотелот, кој му се јави на новиот и тој заминал во хотелот за да го ослободи „затворениот“ гостин. Лицето кое побара помош од нас беше зачудено како толку бргу сме реагирале, но уште поинтересно му беше тоа како го пронајдовме сопственикот и заклучи дека ние сме мала држава, па секој секого знае преку некого – додава операторот со кој разговаравме.

    Според евиденцијата, службата „112“ во просек преку ден има повеќе од 1.000 повици, додека навечер има од 300 до 400. Од ЦУК додаваат дека граѓаните сега сè почесто го користат бројот „112“, па вкупната бројка на повици по последно време надминува 2.500 дневно. Како што не информираат оттаму, не се сите повици животозагрозувачки или такви на кои мора да се реагира – околу 40 отсто од повиците се, како што тие ги нарекуваат, „непродуктивни“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img