More

    Опасни пожари беснеат во Алба

    spot_img

    На територијата на Албанија беснеат пожари од големи размери како на југот така и во северниот дел на земјата.

    Најкритична е состојбата во пристанишниот град Шенѓин, каде и покрај максималните напори, поради ветерот, тој веќе е блиску до хотелите, поради што почната е евакуација на туристите сместени во нив, но според медиумите се заканува и на блиските бизниси.

    – Иако се гаснеше и во текот на ноќта и денеска пожарот сè уште не е ставен под контрола. Овде, во областа Шенѓин, за гаснење на пожарот распоредени се противпожарни единици од Тирана, Камза, Фиер, Берат, Лушња, Мирдита, Вау Дејс, Скадар, како и противпожарни возила на армијата и хеликоптер. Во последното деноноќие изгаснати се 13 пожари од 20 идентификувани, меѓу кои и пожарот на полето со отпад во градот Валона – рече Арбен Цара, генерален директор на Националната противпожарна служба.

    Според него сè уште активни се пожарите во селото Зогај, општина Тропоја, кое е на административната единица со општина Хас и продолжува да биде активен со слаб интензитет на север од населбата Хајдармата. Структурите на локалната самоуправа, противпожарната единица, поддржани од вооружените сили ја продолжуваат операцијата на тоа подрачје.

    Се работи на гаснење на пожарот во селото Хотен, општина Вау те Дејс. Пожарот е со слаб интензитет и не претставува опасност за населени места.

    Битката со пламените јазици сè уште трае во подрачјето на јужниот град Ѓирокастро, каде има пожари на повеќе места. Во акцијата во моментов се ангажирани 107 доброволни сили од Општината, 50 припадници на армијата, вработени со договор и 14 пожарникари од Дирекцијата Ѓирокастро, поделени во групи.

    Пожар од големи размери зафатил дел од шумскиот масив Завалина во управната единица Ѓинар на општина Елбасан, а денеска попладне пожар е регистриран и во Драч, каде е уапсен 64-годишен маж, кој го предивикал пожарот откако запалил отпад. Според албанскиот кривичен законик за предизвикување пожар предвидена е казна затвор во траење до 15 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img