More

    Околу 200 дијабетичари во Штип веќе два месеци ги чекаат лентите за мерење гликемија, а повеќе од две недели не можат да дојдат ниту до потребниот тип на инсулин

    spot_img

    Околу 200 дијабетичари во Штип веќе два месеци ги чекаат лентите за мерење гликемија, а повеќе од две недели не можат да дојдат ниту до потребниот тип на инсулин – објави 24 Вести.

    Од Здружението на дијабетичари велат дека ваквата состојба го загрозува здравјето на заболените од дијабетес и бараат државата да најде начин секој пациент навреме да ја прима терапијата.

    Во штипскиот Центар за дијабет работат само две докторки и секојдневно прегледуваат повеќе од триесет пациенти.

    – Да се живее со хронично заболување како дијабетесот, пред сé значи секој ден, секој час да се биде дисциплиниран, односно редовно да се мери гликемијата, да се внимава што и колку се јаде и пие, да се биде физички активен, но и да се зема препишаната терапија и уште ред други задолжителни обврски – велат од Здружението.

    За тоа кога ќе биде испорачан инсулинот кој во моментот недостига, како и инсулинските лентички прашавме и во Министерството за здравство, засега нема одговор.

    Инаку, во Македонија 135 илјади лица ја имаат дијагнозата дијабетес, од кои околу 45.000 луѓе живеат со инсулин, а од нив околу 600 се деца до 18 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img