More

    Одбележан Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000 Во Белчишта / Белчишко Блато

    spot_img

    Во Белчишта / Белчишко Блато вчера се одбележа 22 Мај – Светскиот ден на биолошката разновидност и Денот на Натура 2000.

    На настанот свое обраќање имаа:

    -г-ѓа Каја Шукова, министерка во Министерството за животна средина и просторно планирање,

    -Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија,

    -г-дин Зоран Ногачески, градоначалник на општина Дебрца,

    -г-дин Ѓоко Зороски, претставник на Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”,

    Во своето обраќање Градоначалникот Зоран Ногачески  посебно го потенцира  значењето на Белчишкото Блато “Сини Вирој” ,како биодиверзитет со извонредно висока природна вредност.

    Белчишкото Блато во Директивата на ЕУ е таргетирано како идно европско заштитено подрачје во рамките на Натура 2000.

    Преку Министерството за животна средина и просторно планирање во тек е постапка за прогласување на блатото за заштитено подрачје од категорија Парк на природата.

    Нашите заложби се да се обезбеди заштитен статус на блатото,но истовремено да се обезбеди негово одржливо користење и истото да прерасне во високо рангирана еко туристичка дестинација.

    Блатото иако е во Дебрца, тоа не е само наше и им припаѓа на сите.Токму затоа потребно е сите да се ангажираме во неговата заштита, како и заштита на останатите природни вредности во регионот и државата.

    Пристуните при посетата на самото блато се запознаа со неговите виситнски вредности кои ги поседува како за развој на алтернативните видови туризам, така и за научно истражувачки цели и едукативни настани за биодиверзитет.

    Настанот заврши со пешачење околу блатото, заедно со ученици од ОСУ Св.Климент Охридски, од Охрид .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img