More

    Обожавателите ја пееја „Nothing compares 2 U“ во чест на покојната Шинејд О’Конор

    spot_img

    Обожавателите на Шинејд О’Конор ги пееја нејзините најпознати песни на трогателен собир во Даблин во неделата попладне за да и оддадат почит на покојната ѕвезда. Околу 100 луѓе се собраа да ја отпеат „Nothing Compares 2 U“.

    О’Конор, која почина во Лондон минатата недела на 56-годишна возраст, стекна меѓународна слава во 1990 година со нејзината верзија на хит песната.

    Со моќен глас и текстови, ирската пејачка беше позната по нејзините остри социополитички ставови, вклучително и оние поврзани со скандалите на злоставување во Католичката црква и сексуализацијата на женските музичари.

    Попладневното пеење на плоштадот Бернардо во центарот на Даблин го организираше социјалистичката феминистичка група Роза. Активистката Роуз и поранешната ирска парламентарка Рут Копингер и оддадоа почит на починатата пејачка.

    – Со исклучителен и уникатен глас кој во еден стих можеше да биде шепот и крик, таа ја маѓепсуваше публиката – рече Копингер и додаде: „Уметноста и активизмот на Шинејд О’Конор се неразделни – тие се клучни една за друга. Нејзиниот уметнички интегритет и чувство за правда произлегоа од нејзиното лично искуство на неправда“.

    Во неделата, лауреатот на меѓународната книжевна награда во Даблин, Колм Тоибин, рече дека О’Конор пеела со „чувство за мисија“ да зборува против неправдата.

    Говорејќи на „Би-би-си Радио 4“, тој го опиша потегот на кинењето на сликата на папата која била во сопственост на нејзината мајка како „извонреден момент“ кој покажал дека таа е подготвена „да оди против струјата“ за да го истакне она што ќе стане скандал со злоставувањето на децата во католичката црква.

    Шинејд, добитничка на Греми, предизвика контроверзии и се најде на насловните страници кога ја искина сликата на папата Јован Павле Втори во американското ТВ шоу „Сабота вечер во живо“ во 1992 година, во знак на протест против Католичката црква, предизвикувајќи бурни реакции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img