More

    Нови моменти за убиството на охриѓанецот Димитар Матиловски во 2016 година,како во истрагата се премолчала улогата на командирот Саше Дончески во сокривањето на докази во корист на убиецот Бојан Угрунивиќ од Р.Србија?!

    spot_img

    Во 2016 гоидна ,на дочекот на новата година ,пред угостителскиот објект „Табана“ во центарот на Охрид ,згасна животот на младиот охриѓанец Димитар Матиловски,кој беше до смрт претепан од лицето Бојан Угрунивиќ од Р.Србија ,кој во критичниот ден и време славел дочек на нова година пред клубот „Табана“ во Охрид.

    КОЈ И ЗОШТО ЈА ОПСТРУИРАЛ ИСТРАГАТА,ЗОШТО ВО ИСТРАГАТА ГО СОКРИЛА КОМАНДИРОТ НА ПС од ОН ОХРИД САШЕ ДОНЧЕВСКИ КОЈ БИЛ ПРИВАТНО ОБЕБЗЕДУВАЊЕ НА КЛУБОТ?

    Целокупната истражна и судска постапка околу усмртувањето на охриѓанецот Димитар Матиловски од страна на лицето Бојан Угрунивиќ од Р.Србија,проследена е со низа скандали ,кој укажуваат на фактот ,дека целокупната предистражна и истражна постапка која ја водело Основно Јавно Обвинителство Охрид,намерно или не одела во сосема спротивен правец , далеку од она што по закон треба да се спроведе,поточно истата има голе број пропусти ,а со оглед на актерите кој биле присутни на самото место,повеќе од очигледни се пропустите на обвинитеслтвото и полицијата ,а со цел да заштитат полициски службеници ,кој во момент на кривично правниот настан ,биле спротивно на Закон за Полција ,ангажирани како приватно обебзедување на објектот „Табана“ во Охрид.

    Она што Охридскај екслузивно за прв пат го објавува ,преставува фактот ,дека на критичниот ден и време ,пред ноќниот клуб „Табана “,како физичко обебзедување на ноќниот клуб „Табана“ бил командирот на ПС од ОН Охрид Саше Дончевски и уште еден негов колега чиј идентитет е познат на редакцијата Охридскај.

    Фактот дека во целокупната предистражна и истражна постапка ,како покасно и во судската шжпостапка е’ тоа што никаде го нема името на командирот Саше Дончески и неговиот колега,кој во оментот биле приватно обезбедување на клубот.

    Уште пострашно и спротивно на законот за кривична постапка ,преставува факто,дека од како ММА борецот Бојан Угрунивиќ од Р.Србија го нападнал без никаква причина охриѓанецот Димитар Матиловски,на лице место бил присутен командирот Саше Дончевски, кој не преземал никакви дејствија согласно своите овластувања и Закон за Полиција ,да го спречи напајѓачот Бојан Угрунивиќ од Р.Србија во своите намери, туку напротив Саше Дончевски ,од како се собраќа толпа од граѓани пред ноќниот клуб „Табана“ во Охрид и кога охриѓанецот Матиловски го губел својот живот, командирот Саше Дончески и другиот негов колега ,заминале од задниот излез на ноќниот клуб „Табана“, додека сторителот на кривично дело Убиство Бојан Угрунивиќ од Р.Србија,заинал во бегство„

    КОЈ И ЗОШТО ГО ЗАШТИТИ САШЕ ДОНЧЕСКИ И ДАЛИ НЕГОВОТО УНАПРЕДУВАЊЕ ВО ПОЛИЦИСКА ХИРЕАРХИЈА БЕШЕ НАПЛАТА ЗА МОЛЧЕЊЕ?

    Да потесетиме дека сторителот на кривичното дело Убиство ,врз охриѓанецот Димитар Матиловски, српскиот државјанин Бојан Угрунивиќ ,во 2017 година ,поради пропусти во одлуките на Основене суд во Охрид,кој наместо во притвор беше сместен во елитен хотел во Охрид , од каде успеа да побегне од територијата на Р.Македонија и од рацете на правдата,за што и во тој момент имал полициска поддршка во неговото бегство,овој случај постана синоним ,дека во Македонија ,не да нема правда , туку што и да направиш со добри пари можеш да купиш слобода, така да целиот случај опд самиот почеток ,обилува со низа повреди на кривичниот законик?

    Јавно го прашуваме Јавното Обвинителство на РСМ,советот на Јавни Обвинители на РСМ ,Министертво за внатрешни работи на РСМ, кој и зошто го сокрил фактот ,дека припадник на Полиција на РСМ Саше Дончевски,во моментот на кривичниот правен настан бил ангажиран спротивно на закон за полиција ,како физичко обезбедување во ноќниот клуб Табана во Охрид ?

    Зошто не е спроведена постапка пред ЈО и пред МВР на РСМ против лицето Саше Дончески,во смисол на тоа што не спречил сторител во извршување на кривично дело, непријавување на кривично дело и негов сторител, и зошто истиот се одалечил од критичното место со што довел до друг стек на кривични дела , во смиосл сокривање на докази и останато?

    Дали истиот тој полициски службеник,во својство на Командир на полициска станица Охрид ,помагал при бегството на стпрителот на убиството Бојан Угрунивиќ од Р.Србија?

    Доколку иа баре ронка правна држава ,некој треба да одговара за ногу нешта…

    С.Денесовски-Лично

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img