More

    Новак Ѓоковиќ се најде на удар на британските медиуми пред финалето на Вимблдон со Ник Кирјос

    spot_img

    Новак Ѓоковиќ се најде на удар на британските медиуми пред финалето на Вимблдон со Ник Кирјос. Тие ја нападнаа и неговата сопруга Јелена. Со зборовите „извртен“ и „извртена“ таблоидот ДејлиМејл проба да ги исмее ставовите на Новак и Јелена во врска со вакцините, 5Г мрежата и короната, пренесува Мондо.

    „Па, дали Новак е поконтроверзен од Ник (Кирјос)? Тенисерот кој не ги признава вакцините за корона нè убедува дека позитивните мисли ја прочистуваат водата, додека неговата извртена сопруга Јелена верува дека мрежата 5Г ја предизвикала пандемијата“, гласи долгата и безмалку навредлив наслов на нејзиниот текст.

    „Новак е еден од најголемите спортисти на овој век и за тоа нема збор, но се поставуваат многу прашања за неговите убедувања за тоа како тој го достигнал врвот. Неговиот фанатичен нагон за постојано самоподобрување се рефлектира и во опсесивната љубопитност за неговата физичка и ментална благосостојба“, се вели во статијата.

    „А исто како и нејзиниот сопруг, Јелена Ѓоковиќ (35) има цела низа извртени верувања и дури споделува теории на заговор со нејзините илјадници следбеници на Инстаграм. Во април 2020 година, нејзината објава за 5Г мрежата беше означена како лажна информација и оваа мајка две деца се опишува себеси како слободоумна личност, која има ненаситна глад за знаење“, продолжува текстот.

    „Чудната сопруга на Новак беше успешна манекенка која се појави во неколку престижни кампањи. Но, покрај убавината има и мозок и диплома од Милано. Тие се сакаат уште од тинејџерските денови и се венчаа во јули 2014 година во Свети Стефан. Јелена тогаш беше бремена, а моментално ја води Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, која се занимава со образованието на децата од непривилегираните заедници. Често ја гледаме на трибините, каде што не може да го задржи мирниот израз на лицето, и е на работ од солзи или пак луто реагира на одлуките на судиите. Еднаш таа рече дека не може да ги контролира емоциите додека го гледа сопругот, бидејќи сака тој секогаш да биде среќен“, заклучува статијата.

    Статијата завршува со алергијата на Новак на глутен, за која малкумина знаат, а го спомнува и неговиот неодамнешен инцидент кога беше снимен како тенисерот пред натпревар од пластично шише вшмукува нешто кое не е течност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img