More

    Нов животински вид е откриен во Босна и Херцеговина и добил „локално“ име

    spot_img

    Нов животински вид е откриен во Босна и Херцеговина и добил „локално“ име
    Додека ја истражуваа областа на реката Неретва, научниците открија дури осум нови животински видови и сега официјално потврдија еден од нив, инсектот Baeouro neretvaensis.

    Минатата година, околу 50 научници го истражуваа горниот тек на реката Неретва, каде што се присутни повеќе од 1.300 животински видови.

    Но, пред неколку дена, токму на Светскиот ден на планетата Земја, Центарот за животна средина на Босна и Херцеговина потврди дека оваа бројка се зголемува. Во текот на истражувањето беа откриени осум нови животински видови. Само еден од нив е официјално потврден досега: диптеран инсект Baeouro neretvaensis.

    Марија Ивковиќ, професорка по биологија на Универзитетот во Загреб, беше меѓу научниците кои го открија новиот вид.

    „Ова е вид кој живее во многу чисти и недопрени области на реката Неретва и на некои други локации во поширокиот Западен Балкан“, рече таа. Научниците го именувале по реката Неретва. Ивковиќ објасни и дека овој вид главно е присутен во медитеранската област.

    Владимир Топиќ, кој е координатор во Центарот за животна средина, изрази очекување дека босанските власти ќе го прогласат горниот тек на реката Неретва за заштитено подрачје поради нејзината биолошка разновидност и исклучително чистата вода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img