Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска Санков и нејзиниот сопруг Виктор Станков го добија нивното прво дете, синот Стефан. Нина се породи во приватната болница Аџибадем Систина на 17 јули.
Гордите родители денеска на социјалните мрежи споделија неколку фотографии со синот при неговото прво доаѓање дома.
Радоста за новиот член во семејството ја споделија со своите најблиски кои подготвиле торта со името Стефан и со датумот на неговото раѓање 17.07, а поранешната министерка сподели и емотивна порака.
„Нашата радост, нашиот нов член пристигна Стефан Станков 17/07/2024
Емоции кои не знаев дека постојат. Нема соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж…