More

    Нетанјаху: За 4 работи нема преговори со Хамас

    spot_img

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави четири точки за кои не може да се преговара со Хамас, додека израелскиот тим се подготвува да отпатува во Каиро и во Доха, каде ќе се разговара за ослободување на израелските заложници.

    Меѓу четирите израелски барања наведени од кабинетот на Нетанјаху, првото е дека секој потенцијален договор мора „да му дозволи на Израел да се врати во борбите додека не ги постигне сите цели на војната“.

    Исто така, договорот да не дозволи шверц на оружје од Египет во Појасот Газа и да не дозволи „враќање на илјадници вооружени терористи на северот на Појасот Газа“.

    Четврт услов е планот со кој Израел може да ги врати заложниците, да не ги загрози другите цели на војната.

    Условите на Нетанјаху, во клучната фаза пред продолжувањето на преговорите предизвикаа огорченост во Израел, но и кај преговарачите, при што некои го обвинија премиерот дека се обидува да го саботира досега тешко постигнатиот напредок.

    Обновените разговори за ослободување на заложниците во Египет и во Катар уследија откако Хамас на 6 јули соопшти дека е подготвен да разговара за тоа прашање, како и за крај на војната во Појасот Газа, без претходно да побара од Израел да се обврзе на „целосен и траен прекин на огнот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img