More

    Нехамаер и Орбан се противат на ваквиот чекор на Унијата

    spot_img

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска ја критикуваше бавноста на Европската комисија во однос на заедничката набавка на гас, а унгарскиот премиер Виктор Орбан ја доведе во прашање целисходноста на санкциите на ЕУ против Русија.

    – Заедничката енергетска платформа би била поважна од кога било, за земјите од ЕУ да не се натпреваруваат едни со други – рече Нехамер на заедничката прес конференција.

    Тој побара од Брисел да дејствува побрзо.

    – Има многу најави од Европската комисија, но само мало спроведување на она што е кажано – изјави австрискиот канцелар.

    Орбан ја критикуваше стратегијата на ЕУ за санкции против Русија како средство за ставање крај на војната во Украина.

    Тој предупреди на опасност од воена економија и рецесија.

    Орбан смета дека предложената рационализација на гасот е првиот знак за воена економија.

    Тој изјави дека војната доколку не заврши наскоро, ќе дојде до рецесија со последици од масовна невработеност во Европа.

    Орбан рече дека војната не може да се добие на овој начин и дека е потребна промена на стратегијата.

    – Без промена на стратегијата нема мир, а без мир нема да го решиме проблемот, нема да имаме енергија и ќе западнеме во воена економија – нагласи унгарскиот премиер.

    Нехамер рече дека во основа ја поддржува евалуацијата на санкциите, но оцени и дека во моментов е прерано.

    Санкциите, вели тој, ќе функционираат порано или подоцна.

    Истовремено порача дека важен принцип е санкциите да го погодат оној против кого се насочени, а не да му носат поголема штета на тој што ги вовел.

    – Затоа ставот на Австрија е јасен, а тоа е дека ембарго на рускиот гас не е можно поради зависноста на австриската и германската економија – рече Нехамер.

    Тој истакна дека последиците за германската економија ќе ја повлечат Австрија и ќе доведат до масовна невработеност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img