More

    Научниците препорачуваат – јадете „среќна храна“

    spot_img

    Едноставната диетална стратегија е најважна за чувството на благосостојба. Со конзумирање на научно докажана „среќна храна“ ќе го подигнеме нашето расположение, енергија и ќе ја смириме анксиозноста и стресот.

    Храната на оваа листа помага или ја попречува среќата. Една од седумте невронаучни тајни на среќата е уживањето во вистинска храна и пијалок, што ќе направи да се чувствувате подобро, не само во овој момент, туку и на долг рок.

    Одредена „среќна храна“ е научно докажана – го подигнува расположението, ја крева енергијата и ја смирува анксиозноста и стресот. Има и „тажна храна“ која треба да се избегнува – онаа која го расипува расположението, ја одзема енергијата и ја зголемува напнатоста, објаснува научникот и психијатар Даниел Амен.

    Изберете храна што ве прави среќни – сега и подоцна. Вистинска среќна храна е онаа што прави да се чувствувате добро во моментот, но исто така го подобрува вашето расположение, енергија и физичка благосостојба на долг рок.

    Размислете за вообичаената утешна храна како пица, сладолед или чипс – тие можат да ви дадат инстант брз поттик, но подоцна ќе ви го одземат чувството на задоволство. Општо земено, ова се неквалитетни намирници кои се научно дизајнирани да имаат толку добар вкус за да поттикнат „чувство на блаженство“ во мозокот и да испуштаат некои неврохемикалии на среќа – како што е допаминот – кои предизвикуваат зависност.

    Стандардната американска диета е полна со храна која е богата со нездрави состојки и вештачки хемикалии кои се штетни за менталната, емоционалната и физичката благосостојба. Сè поголем број студии покажуваат дека овој тип на исхрана го зголемува ризикот од депресија, анксиозни нарушувања, АДХД (нарушување на хиперактивност и дефицит на внимание) и деменција, како и дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања и други состојби, пренесува МБГ.

    „Како психијатар кој има сретнато десетици илјади пациенти повеќе од 30 години, можам да ви кажам дека секој од овие проблеми ви ја одзема радоста на животот“, рече Амин.

    Среќна храна
    Намирниците кои ве прават среќни сега, но и подоцна, вклучуваат:

    – Органско шарено овошје и зеленчук, особено бобинки и лиснато зеленило

    – Одржлива риба и месо

    – Јаткасти плодови и семиња

    – Здрави масла

    – Јајца

    – Чисти протеински прашоци (без шеќер, растителна основа)

    – Темно чоколадо

    – Непреработена храна

    – Органска храна

    – Храна со низок гликемиски индекс (не го зголемува шеќерот во крвта)

    – Храна богата со растителни влакна

    Тажна храна
    „Јас го нарекувам оружје за масовно уништување, бидејќи го уништува здравјето на населението, а ние ги извезуваме тие обрасци на храна низ светот. Ова се намирници кои ве прават среќни во моментот, но поради кои подоцна се чувствувате лошо, уморно, вознемирено или под стрес“, предупредува Даниел, а пренесува 24сата.

    Оваа храна ги вклучува следните намирници:

    – Високо обработена храна

    – Храна третирана со пестициди

    – Храна со висок гликемиски индекс (го зголемува шеќерот во крвта)

    – Ниско влакно

    – Вештачки обоена и засладена храна

    – Храна третирана со хормони и антибиотици

    – Храна во пластични садови

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img