Нашите ракометари ќе играат пред рекорден број на гледачи

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека утрешниот меч помеѓу Македонија и Франција на почетокот на Европското првенство (ЕП) во Германија ќе биде историски зашто ќе биде поставен рекорд по број на гледачи.

На првиот натпревар на Македонија се очекуваат повеќе од 53.000 гледачи на трибините на фудбалскиот стадион во Диселдорф и ЕХФ потврди дека тоа ќе биде нов рекорд во светот на ракометот. Претходниот најпосетен меч во ракометниот свет бил дуелот од германскиот Суперкуп помеѓу Хамбург и Рајн Некар Левен, кој пред точно десет години во Франкфурт го проследиле 44.189 гледачи.

Македонија вториот меч на ЕП го игра на 14 јануари, а два дена подоцна играме против Швајцарија. Двете средби се закажани за во Берлин.

 

Share This Article
Exit mobile version