Најмалку 14 лица се ранети утринава во две експлозии што во период од половина час одекнаа на две автобуски постојки во близина на влезот во Ерусалим

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Најмалку 14 лица се ранети утринава во две експлозии што во период од половина час одекнаа на две автобуски постојки во близина на влезот во Ерусалим, соопштија полицијата и јавните здравствени служби. Полицијата се сомнева дека се работи за напад на Палестинци. Две од повредените лица во експлозиите се во критична состојба, посочува „Тајмс оф Израел”.

Првата експлозија се случила во близина на главниот влез во Ерусалим, изутринава нешто по седум часот по локално време. Во таа експлозија се повредени 11 лица, а ранетите се префрлени во блиските болници, информираат здравствените власти.

 

 

Половина час подоцна уште една експлозија одекна на вториот влез во Ерусалим. Според здравствените власти, три лица биле полесно повредени од шрапнели. Медиумите јавуваат дека постои најверојатно експлозиите биле предизвикани од детонација на бомба оставена во торба.

 

 

Полицијата соопшти дека истрагата е во тек, како и дека покрената е потрага по осомничени.

Претходно палестинските власти претходно објавија дека 16-годишен Палестинец бил застрелан и убиен во градот Наблус на Западниот Брег на реката Јордан. Израелската војска потврди дека дејствувала во Наблус, со образложение дека одговорила на огнот, но не ја потврди информацијата за убиството на малолетникот.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version