На ТикТок повторно кружи видео од апсењето на Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет деца и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На социјалната мрежа ТикТок повторно кружи видео од апсењето на Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое на 3 мај минатата година уби девет деца и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград
И по повеќе од десет месеци, кои поминаа од страшниот масакр, јавноста не престанува да се интересира за сè што е поврзано со Коста Кецмановиќ (14) кој стана најмладиот масовен убиец во светот.
Токму поради оваа причина, додека трае судењето на родителите на Коста, видеото кое е создадено веднаш по масакрот, а на кое е момчето убиец заедно со полицајците, повторно стана актуелно на социјалната мрежа ТикТок.

 

Веднаш по извршувањето на масакрот, момчето-убиец се предаде на полицијата, а како што може да се види на видеото, додека го апсат тој е ладнокрвен и без емоции, не покажал никаква реакција, ни страв, ни паника, ни каење за невидениот масакр во кој им го одзеде животот на 9 негови соученици и на чуварот на училиштето.

Истрагата потврди дека тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ злосторството го планирал еден месец. Тој дознал за тоа дека нема да одговара кривично со истражување на Кривичниот законик на Србија.

На 3 мај во 08:40 часот момчето-убиец упаднал во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и самиот одел и од врата пукал во училишниот чувар Драган Влаховиќ, кој од здобиените повреди починал.  Потоа убил три девојчиња кои случајно се нашле во училишната сала, а крвавото дивеење го продолжил во укабинетот за историја каде што неговиот клас одржувал час, убивајќи шест ученици, а ранувајќи ја наставничката по историја и уште пет други деца.

Share This Article
Exit mobile version