На Табановце му фатиле 14 канти со 126 литри

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Словачки државјанин со своето возило се обидел на граничниот премин Табановце да внесе поголема количина прекурзори, хемикалии кои се користат во подготовка и производството на разни видови дрога, како кокаин, хероин, амфетамин и други.

Царинарниците во возилото со словачки таблички пронашле и заплениле 126 литри прокурзори, пакувани во 14 лимени канти сместени во багажникот на возилото. На 10 канти имало налепница TOLUEN LAKARSKY, а на останатите 4 налепница ACETON, информира Царината.

Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Share This Article
Exit mobile version