На светот му требаат лидери кои не се за војна, порача Орбан

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако САД сакаат да имаат претседател кој е за војна, тогаш светот ќе има војна, а ако сакаат да има мир, треба на чело на Америка да е политичар кој е за мир, а Доналд Трамп е за мир, изјави во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан одговарајќи на новинарско прашање.

„СО ВИКТОР ДЕЛИМЕ ИСТА ВИЗИЈА ЗА БАЛКАНОТ“ Унгарија е наш стратешки сојузник, соработката продолжува

– Ние бевме поддржувачи на републиканскиот кандидат Доналд Трамп без намера да се мешаме во американските избори. Иако, впрочем, постои мешање во унгарските избори. Политиката на Западот денес е во рацете на еден тесен круг политичари, на една елита. И ако се прашаме зошто како како Запад и како ЕУ губиме, тоа е поради тој елитистички круг на застарени политичари кои не можат да се справат со светските предизвици. Затоа треба да поддржиме енергични политичари. Ако Америка сака да има претседател кој сака војна, тогаш во светот ќе има војна. Трамп знаеме како функционира и тој е на страна на мирот, а нас ни е потребен мир. Затоа сакаме на чело на САД да биде лидер кој сака мир – изјави Орбан на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Share This Article
Exit mobile version