На момчето на Ријана му се заканува девет години затвор за пукање во пријателот

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Според американските медиуми, американскиот рапер АСАП Роки учествувал во пукањето на неговиот поранешен пријател, а сега поради тоа сведочел на суд.

Имено, Роки на 17 август се појави на суд и изјави дека не е виновен за двете кривични дела за кои е осомничен, а кои се однесуваат на смртта на момчето во Холивуд, кое беше застрелано во ноември минатата година.

Следното судење наводно е закажано за два месеци.

Да потсетиме, дека додека Ријана беше бремена, таа и АСАП отпатуваа за Барбадос. Но, тој се врати малку порано, а веднаш на аеродромот бил приведен поради сомнение дека е одговорен за убиството и дека три-четири пати пукал во својот пријател, кој починал од повредите.

Доколку судот го прогласи за виновен, на Роки му се заканува казна затвор до девет години.

Ријана и раперот го добија своето прво дете во мај и оттогаш ретко се појавуваа во јавноста.

ФОТО: Инстаграм

TAGGED:
Share This Article
Exit mobile version