На интернет постојано се коментираат нови фотографии од актерката Никол Кидман (54), објавени во магазинот „Венити фер“. Фановите останаа шокирани кога ја видоа актерката која поради количината на фотошоп изгледа речиси непрепознатливо.
Таа носела провокативен комплет на модниот бренд „Миу Миу“, пишува „Мирор“. Така, Никол ја покажалаа завидната линија, голиот стомак и долгите нозе. Иако актерката на фотографиите го одзема здивот, многу фанови веднаш забележаа дека фотографијата е средувана.
– Никол има одлично тело, но тоа не е нејзиното тело. Нејзината фигура воопшто не изгледа така. Зошто ја фотошопирале? – напишал еден обожавател на Твитер.
– Вознемирен сум од количината на фотошоп на фотографијата – додал друг.
– Кој дел од прекрасното тело на Никол Кидман ќе го фотошопираме оваа година за да покажеме непочитување кон неа? – прашал третиот.
Некои, пак, ја пофалија актерката и нејзиниот неверојатен изглед. Од друга страна, ја критикуваа облеката.
– Кој ја облекол така? – коментирашл еден обожавател на Инстаграм.
– Таа е успешна актерка која е номинирана за Оскар. Зошто е облечена како ученичка? Не разбирам – напишале тие.
Инаку, Никол Кидман со својата улога во филмот „Да се биде Рикардос“ е фаворит за Оскар во категоријата за главна женска улога.
ФОТО: Инстаграм