МЗШВ: Започна министерската конференција за шумарство – Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска е домаќин на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, а на која учествуваат министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија, бројни експерти и професори во областа на шумарството од земјава и регионот.

Целта на министерската конференција е зајакната регионална соработка во областа на шумарството, активно вклучувајќи се во спроведувањето зелена агенда како глобална определба на земјите во светот.

„Основната цел на оваа конференција, е токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек. Шумите се од витално значење за одржување на животот на нашата планета, обезбедувајќи ни чист воздух, вода и биодиверзитет, како и зајакнување на нашата отпорност на климатските промени. Шумите се природното богаство на секоја една земја. Особено ме охрабрува колективната посветеност која ја гледам, за зачувување на нашите шуми и благосостојбата на нашите заедници“, истакна министерот Николовски во своето поздравно обраќање на министерската конференција.

Како министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Владата на Северна Македонија, зелената транзиција, зачувувањето и развивањето на шумите ги имаме поставено високо меѓу нашите пет клучни приоритети. Посветено работиме во унапредувањето и заштитата на македонските шуми, потоа развојот на руралните средини и заштита на животната средина.

Преку програмата за проширена репорудкција на шумите, како министерство, јасно си поставуваме насоки за планско пошумување на голини, ерозивни земјиште и санирање на опожарени шумски предели. Преку оваа програма минтатата година задени беа над 400.000 садницни на повеќе предели низ државата, додека за оваа 2023 година е предвидено засадување на 1.200.000 садници.

Денешната агенда на министерската конференција е исполнета со многу дискусии и презентации, кои несомнено ќе добинесат во креирање на најдобрите практики во зачувување и обновувањето на шумите.

Во текот на министерската конференција, За време на министерската Тркалезна маса, свои обраќања ќе имаат министерот Љупчо Николовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ, министерка за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај, министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци и заменик министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов, каде ќе разговараат за обновувањето на шумите и пошумувањето како стратегии за справување со предизвиците од климатските промени во нашиот регион.

Министерот Николовски изрази благодарност до Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), за континуирана поддршка која како министерство ја имаме, заедно работејќи на повеќе проекти за подобрување на земјоделството и шумарството во Северна Македонија. Партнерски и со поддршка на ФАО беше органзиирана и денешната прва министерска конферецнија за шумарство. Дополнително министерот Николовски упати благодарност и до Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем, кој како ценет партнер на министерството има важна улога во зачувувањето и унапредувањето на македонските шуми.

Share This Article
Exit mobile version