На 21.09.2023 околу 17.10 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода 30-годишната М.И. од гостиварски Вруток. Таа претходно била пријавена од 81-годишниот Р.М. од тетовски Челопек дека во близина на спортската сала во Тетово со употреба на сила му одзела пари, клучеви од возило и лични документи. Инаку, М.И. била барана со потерница за доиздржување на затворска казна од две години. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по документирање на случајот ќе биде поднесен и соодветен поднесок.
На 21.09.2023 во 22.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Т.Ј.(18) од Штип. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во куќа во Радовиш. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кражбата и ќе бидат вратени на сопственикот. Т.Ј. бил задржан во Полициската станица Радовиш, бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 21.09.2023 во 10.15 часот и во 15.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово и Б.А.(18) од тетовско Селце. Тие се сомничат дека на 19.09.2023 околу пладне во близина на Спортски центар во Тетово физички го нападнале 27-годишниот тетовец М.М. и се обиделе да му одземат пари. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (22.09.2023) во 00.50 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.09.2023 околу 21.45 часот на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле гостиварците А.М.(29), А.К.(25) и Х.Д.(23) затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе се соочат со соодветни поднесоци.
На 21.09.2023 во 17.00 часот во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишиле од слобода Н.Н.(44) од Република Албанија поради тоа што се барал по меѓународна потерница од Интерпол Грција. Тој бил задржан во Полициската станица Кисела Вода, по што бил спроведен во Основен кривичен суд Скопје 1 за понатамошна постапка.
Во текот на изминатата недела, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 304 возачи, од кои 213 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 52 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 29 за управување возило без возачка дозвола и 10 за нерегистрирано возило.
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (21.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 93 возачи, меѓу кои 34 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 8 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол, 10 санкции за непрописно престигнување, 7 санкции за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење на мобилен телефон при возење…
На 21.09.2023 во 13.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „100“ и „21“ во населбата Карпош во Куманово, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Л.Р.(38) од Куманово, удрил во малолетен пешак. Во несреќата мотоциклистот и пешакот се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.
На 21.09.2023 во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(66) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 21.09.2023 во 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.
На 21.09.2023 во 01.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, Р.Џ.(29) од Гостивар, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Х.(29) од Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 21.09.2023 во 15.25 часот во Полициската станица Центар, А.С.(25) од Демир Хисар пријавил дека на бул.„Кочо Рацин“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.09.2023 во 12.50 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.Т.(60) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 21.09.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.Л.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.