Мозочниот удар и натаму е една од главните причини за траен хендикеп и смрт кај возрасните

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Мозочниот удар и натаму е една од главните причини за траен хендикеп и смрт кај возрасните. Брзата медицинска реакција е клучна за намалување на последиците од мозочниот удар, како што потсетува и Светскиот ден на борба против мозочниот удар, кој се одбележува секоја година на 29 октомври, од кога беше воспоставен во 2004 година.

Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), објавени 2020 година, смртните случаи од мозочен удар во Македонија достигнале 5.521, или 24,02 отсто од вкупните смртни случаи. Тоа е еднакво на 165,58 на 100.000 жители.

Во светот, годишно 12 милиони луѓе доживуваат мозочен удар. Со ова зголемување на бројот мозочни удари, главниот град на Австрија, на пример, развива нови иновативни пристапи за лекување. Виена има околу два милиони жители, а просечната возраст на погодените од мозочен удар е околу 65 години. Во овој град годишно се згрижуваат околу 4.000 пациенти со мозочен удар, што е четвртина од вкупниот број пациенти во Австрија.

Виенската здравствена асоцијација (ВИГЕВ) развива нов систем. Тој е изграден на три основни пристапи: Прием во специјалната единица, системска тромболиза – третман со употреба на посебни лекови за згрутчување на крвта (тромб) што го блокира крвниот сад во мозокот, и – за одредени пациенти, минимално инвазивна хируршка процедура со церебрална тромбектомија.

Целта е да се обезбеди најдобра можна нега во согласност со новите медицински случувања.

Во таа насока, ВИГЕВ размислува и за воведување мобилна единица со специјализирано возило за брза дијагностика и третман на мозочен удар на самото место. На овој начин, според стручњаците, би се намалило и оптоварувањето на болничките капацитети.

Превенцијата и брзата интервенција се клучни за зачувување и продолжување на животот на сите пациенти.

Share This Article