Московјани се збогуваа со Навални

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За време на погребот на рускиот опозиционер Алексеј Навални, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин. Насобраниот народ скандираше „Русија без Путин“ и „Путин убиец“.

На снимките може да се види како голем број луѓе сè уште се упатуваат кон гробиштата „Борисов“.

Додека се спушташе ковчегот со Навални свиреше песната на Френк Синатра „Мај веј“ (My Way).

Насобраните граѓани кои му оддаваа последна почит на Навални извикуваа „Нема да те заборавиме“ и „Прости ни“.

Вдовицата на Навални, Јулија, се опрости од сопругот со емотивна порака.

 

Share This Article
Exit mobile version