Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера наполни 23 години и по тој повод својата многубројна публика ја почести со нова песна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска вчера наполни 23 години и по тој повод својата многубројна публика ја почести со нова песна. Баладата „Мразам што те сакам“, всушност не е нова, туку се работи за песна која е создадена во 2021 година, поточно во еден од најтешки животни периоди за младата пејачка.

– Мразам што те сакам е песна што ја направивме со Лазар Цветковски во 2021 година. Година во која имав многу предизвици, многу насмевки и многу солзи. Кога ќе се навратам назад и добро што не ја објавив тогаш, ја чував за некое подобро време, за некоја подобра, позрела Антониа. Антониа што по три години ќе може да се носи со тежината на песната и емоцијата што ја има во истата. Се надевам и верувам дека ќе допре до многу срца, како што допре до моето. Собрав храброст и еве ја баш за мојот роденден. Ова е мој ден, се радувам што добив многу честитки и во тоа име сакам да им ја подарам песната што ја сакам многу искрено, со цело срце и душа. Како првиот ден – вели Гиговска.

Инаку текстот за оваа песна е дело на раперот Тајзи, а музиката и аранжманот, како што изјави Антониа, е на продуцентот Лазар Цветковски.

Ова е нејзина прва песна за 2024 година и таа е само најава за она што допрва следува, а следуваат многу нови песни, видеоспотови, соработки и се разбира, многубројните настапи ширум нашата земја.

 

Share This Article