За разлика од минатото можам да кажам дека градоначалникот овде во Општина Ѓорче Петров заедно со дел од советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, администрацијата, заедно со пратениците во Парламентот, со пратеникот тука од Општина Ѓорче Петров, заедно со Министерството за образование и наука, во периодот којшто следи ќе имаат голем број инвестиции овде, но и оваа инвестиција денеска овде којашто е од буџетот на Општината, покажува дека Македонија се гради и дека граѓаните ќе ги добијат оние услови коишто се потребни за поголем квалитет во нивниот живот.
Јас само честитам за ваков тип на проекти, како Влада продолжуваме сето ова да го поддржуваме и во периодот којшто следи. Завршен е оној повик за аплицирање на проекти коишто ќе бидат финансирани од централниот буџет.
Општина Ѓорче Петров достави такви проекти до Министерството за локална самоуправа. Очекувам веќе во следната недела да имаме список на проекти коишто ќе бидат финансирани и процесот сам по себе да започне некаде од првата недела или би рекол првата половина на октомври месец. До крајот на октомври да бидат завршени тендерските процедури и веќе првата половина на ноември месец офанзивата да продолжи. Доколку временските услови дозволат, во текот на зимата да имаме навистина огромна теренска активност и градба на нови проекти и веќе следната година дел од нив и да ги завршуваме и да ги пуштаме во употреба.
А на почетокот на следната година ќе ве потсетам, повторно ќе имаме таков повик. Во првичната верзија од Буџетот којашто се прави за 2025 година предвидени се 15 милијарди денари за ваков тип на проекти и веќе општините ќе можат уште еднашка да аплицираат со проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на нашите сограѓани.
Оваа активност прв пат се случува, досега никогаш во независна Македонија ова не се случило. Само за една година ќе имаме повеќе 20-21 милијарда денари коишто ќе бидат инвестирани од централниот буџет за општините.
Уште еднаш дозволете ми на крај да го изразам моето задоволство, прво на поканата, а второ и на реализацијата на ваков тип на проекти.
Да му честитам на градоначалникот, на администрацијата, на советниците, пратениците, на Министерката и сите останати кои што придонесуваат во работата на оваа општинска администрација и да им посакам уште многу вакви проекти да бидат реализирани во периодот којшто следи“.