More

    Мицкоски вети дека ќе има одговорност за тие што ја носат Македонија во слепа улица

    spot_img

    Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има, а за сето ова што го прави власта ќе има и одговорност веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид, одговарајќи на новинарско прашање за најавата на власта за работни групи за уставни измени и дали смета дека тој процес треба да продолжи.

    – Уставни измени во овој пратенички состав, под бугарски диктат и во овие околности, нема да има. Тоа што го прави власта е процес којшто на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Откако во јули минатата година одлучија да го направат тоа што го направија, ние предупредуваме веќе подолго време, тоа што го преземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет туку и не можат физички да го поминат. Тогаш, се сеќавате, правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека сега е друго време, дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети поранешни политички структури коишто, за жал, функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви сега повеќе нема. Затоа ги предупредивме тоа да не го прават, но за жал тоа го направија. Потоа, ако се сеќавате, велеа ќе се отпочне процесот во септември – октомври 2022 година. Тоа не се случи. Потоа велеа кон крајот на годината до декември, а тоа пак не се случи. Потоа го префрлија тежиштето во февруари, помина и февруари. Сега го префрлаат тежиштето на мај – јуни. Еве, јас ви велам дека тоа нема да се случи. Тоа нема да се случи ниту во мај ниту во јуни, затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток. Тие создадоа проблем којшто не можат да го решат, проблем кој што сите ние го имаме и ако продолжат дополнително да го комплицираат, ќе се треснат сите во една мртва улица. Но, за жал, тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава. Но,  јас еве ви ветувам дека за сето ова што го прават ќе има и одговорност, веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста – нагласи Мицкоски.

    Во врска со иницијативата „Отворен Балкан“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека таа не смее никако да биде замена за полноправно членство на Македонија во ЕУ. .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img