Мицкоски стартува со голема доверба, открива анкетата на ИПИС

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Христијан Мицкоски има најголема доверба како политичар од 27,8 проценти, а 55,8 отсто од испитаниците имаат високи и позитивни очекувања дека новата влада ќе биде подобра во однос на претходната, покажува анкетата на ИПИС спроведена во периодот помеѓу 18 и 21 јуни 2024 година.

ИПИС спровел кратка телефонска анкета на 1.089 полнолетни испитаници на ниво на Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразувале своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, бил креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

„Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности“, се наведува во соопштението од ИПИС.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Share This Article