Мицкоски најави и проширување на постоечките инвестиции

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нови инвестиции, проширување на постоечки и нови 1.000 вработувања, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски од Гевгелија каде што пушти во работа булевар кон Граничниот премин „Богородица“ и го означија почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Гевгелија..

– Периодот што следи ќе бидете сведоци на уште многу такви инвестиции. Ние уште во предизборието најавувавме дека ќе имаме неколку нови инвестиции, проширување на неколку постоечки инвестиции. Така што ќе имаме динамично лето што се однесува до носењето на инвестиции или проширување на постојните инвестиции. Очекуваме неколку стотици милиони евра оваа година нови инвестиции и проширување на истите, очекуваме повеќе од 1000 нови вработувања. Треба јавноста да биде подготвена на убави нешта. Нашата цел е да ја вратиме надежта дека може да не биде, нешто кое што изминатите 7 години не постоеше – рече Мицкоски.

Тој  истакна дека целта на Владата е да работи за граѓанитe, а во случајот да работи за гевгеличани.

-После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект за кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни четири месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани – рече Мицкоски.

Тој додаде дека и во наредната година во Гевгелија ќе има доволен број на проекти кои ќе бидат финансиранин од централниот буџет.

Share This Article
Exit mobile version