Министерот Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (23.07.2024) беше во посета на Одделот за граѓански работи каде одржа работен состанок со помошникот министер за граѓански работи Јован Алтанџиев. Генерално уште еднаш беше констатиран хаосот и негрижата на претходното раководство, како во однос на граѓаните така и во однос на вработените. Министерот Тошковски со преземањето на функцијата уште од првиот ден потенцираше дека управните служби мора да бидат лицето на МВР и државата воопшто.

„Работењето во управните служби мора да стане престиж, а не казна. Да се биде чест да се работи во служба на граѓаните и брзо и ефикасно задоволување на нивните потреби со брзи и квалитетни услуги“, потенцираше министерот Тошковски.

Тошковски истакна дека во иднина интензивно ќе се работи на подобрување на условите за работа во управните служби, подобрување на работните услови во секоја канцеларија и на секој шалтер во државата, како и зголемување на платата за оваа категорија вработени. Тошковски истакна дека состојбата со издавање лични документи се стабилизира и се очекува издавањето за еден месец да се врати во законските рокови.

„Ќе ги зголемиме капацитетите во делот на обработка на барањата за пасоши поднесени во ДКП, со цел македонската дијаспора што побрзо да добие патна исправа. Обезбедуваме нови количини на обрасци за лични документи кои ќе ги задоволат потребите за наредниот период. Термин за итна постапка се добива за еден ден, а за редовна постапка за најмногу 10 дена. Повеќе нема интерес за закажување на термини во пунктот Идризово и истиот ќе се затвори откако ја исполни својата цел со прием на околу 25.000 барања.“, нагласи министерот Тошковски.

Министерот Тошковски најави ревизија и контрола на работењето на комисиите надлежни за издавање одобренија за набавка на оружје.

„Од една страна, оружје не смеат да поседуваат лица кои не ги исполнуваат законските услови. Од друга страна, констатирано е дека само од 2020 година наваму, 5.800 барања не се решени. Во најбрз рок, после ревизијата на работењето, ќе изнајдеме решение и методологија за постапување по истите. Простор за корупција повеќе нема да има! Дополнително, особен фокус ќе биде ставен на Законот за оружје и Законот за промет на експлозивни материи за цивилна употреба во насока на усогласување со европската регулатива“, истакна министерот Тошковски.

Во делот на сообраќајот и возилата, министерот Тошковски објасни дека затекната е ситуација со референти во станиците за технички преглед со што се отежнува нивното работење и во насока на решение во тек е обука на група вработени со цел сите правни субјекти да бидат рамноправни на пазарот. Разгледана беше и состојбата со поднесените барања за државјанство на македонците од Албанија кои од непознати причини не се решени сеуште и во таа насока ќе биде иницирана средба со претставници на здруженијата на македонците со цел полесно да се канализира постапката.

„Во делот на азилот, согласно забелешките на Европската Комисија, ќе почнеме процес чија крајна цел ќе биде хартиените документи кои ги издава Секторот за азил, да бидат заменети со биометриски“, констактираше министерот Тошковски.

Share This Article
Exit mobile version