Манчестер сити го совлада бразилски Флуминенсе со 4-0

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фудбалерите на Манчестер сити ја освоија титулата на Светското клупско првенство во организација на ФИФА, откако вечерва во финалето во саудискиот град Џеда го совладаа бразилски Флуминенсе со 4-0 (2-0).

Актуелниот европски првак дојде во водство по само 60 секунди со голот на Алварез, а до крајот на полувремето ја одвои предност преку автоголот на Нињо.

Фоден во 77 минута ги реши сите дилеми околу победникот, а печат на победата на премиерлигашот стави Алварез (88) со својот втор гол вечерва.

За Манчестер сити ова е прва титула светски клупски првак во историјата со која англискиот клуб инкасираше 4.65 милиони евра.

Третото место го освои египетски Ал Ахли, совладувајќи ја претходно оваа вечер јапонска Урава со 4-2.

Share This Article
Exit mobile version