Макрон се огласи за пукањето во Париз во Курдскиот културен центар

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен” напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.

„Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните семејства и најблиските“, напиша Макрон на Твитер.

 

 

 

Француската телевизија BFM јави дека три лица се убиени, а четири лица се повредени во пукотница во центарот на Париз кога 69-годишен маж отвори оган врз пешаци на улица во близина на Курдскиот културен центар.

Телевизијата објави дека напаѓачот е уапсен, а полицијата ја повикала јавноста да биде подалеку од областа во Париз, каде што се случило пукањето.

Уапсениот за престрелката им е познат на француските власти бидејќи пред една година нападнал мигрантски камп, објави Ројтерс.

Истовремено, насилни протести избувнаа на местото на настанот поттикнати од убиствата, а полицијата со солзавец ги разбркуваше демонстрантите.

Share This Article
Exit mobile version